Стар Завет

Нов Завет

2 Самоилова 22:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Давид му ги упати на Господа зборовите на оваа песна во денот кога Господ го избави од рацете на сите негови непријатели и од Сауловата рака.

2. Пееше: „Господи, стено моја, тврдино моја, спасител мој;

3. Боже мој, пештеро моја во која прибегнувам, штит мој, спасение мое, крепост моја! Ти ме избавуваш од насилство.

4. Ќе го повикам Господа, Кој е предостоен за пофалба и ќе бидам избавен од непријателите.

5. Брановите на смртта ме опкружија мене, ме исплашија погубувачките буици.

Прочитајте целосна глава 2 Самоилова 22