Стар Завет

Нов Завет

2 Самоилова 22:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Давид му ги упати на Господа зборовите на оваа песна во денот кога Господ го избави од рацете на сите негови непријатели и од Сауловата рака.

2. Пееше: „Господи, стено моја, тврдино моја, спасител мој;

3. Боже мој, пештеро моја во која прибегнувам, штит мој, спасение мое, крепост моја! Ти ме избавуваш од насилство.

4. Ќе го повикам Господа, Кој е предостоен за пофалба и ќе бидам избавен од непријателите.

5. Брановите на смртта ме опкружија мене, ме исплашија погубувачките буици.

6. Јажињата на Подземјето ме сопираа, смртоносни стапици паднаа на мене:

7. во неволја го повикав Господа и извикав кон својот Бог. Од Својот Дом го чу мојот повик и моето викање стигна до Неговите уши.

8. И земјата се стресе и се растрепери, се растресоа основите на небесата, се раздвижија, зашто Тој пламна со гнев.

9. Од Неговите носалки се дига дим, од Неговата уста избувна оган, живожарица пламти од Него.

10. Тој ги наведна небесата и слезе, под Неговите нозе - мрачни облаци.

11. Застана над херувим и полета; заброди врз крилјата на ветерот.

Прочитајте целосна глава 2 Самоилова 22