Стар Завет

Нов Завет

2 Самоилова 21:3-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. И Така Давид ги праша Гаваонците: „Што да сторам за вас и со што да ви дадам задоволство, за да го благословите Господовото наследство?”

4. Гаваонците одговорија: „Не бараме ние ни сребро ни злато од Саул и од неговиот дом, ниту ни е да биде погубен некој човек во Израел.” На тоа Давид им рече: „Што ќе речете, ќе направам за вас.”

5. А тие му одговорија на царот: „Човекот кој нè сотруваше и кој смислуваше да нè уништи, за да не нè биде никаде во сето израелско подрачје,

6. нека ни бидат предадени седум луѓе од неговите потомци, за да ги обесиме пред Господа во Саулова Гаваја на Господовата Гора.” Царот одговори: „Ќе ви ги дадам.”

7. Царот го поштеди Мефивостеј, синот на Сауловиот син Јонатан, заради заклетвата пред Господа, што ги поврза, Давида и Јонатана, синот Саулов.

8. Така царот ги зеде двата сина на Ресфа, ќерката на Ајин, која му ги роди на Саула, Армониј и Мефивостеј, и сите пет синови на Михала, Сауловата ќерка, која му ги роди на Адрил, синот Варзелаев, од Меола.

9. Нив им ги даде на Гаваонците, а тие ги обесија на гората пред Господа. Така загинаа сите седум заедно, погубени во првите денови на жетвата, во почетокот на јачменовата жетва.

10. Ресфа, ќерката на Ајин, зеде вреќа и ја спростре за себе врз камен, од почетокот на јачменовата жетва сè додека не падна дожд од небото врз мртвите тела, и така не ги остави небеските птици да се спуштаат на нив дење ни полските ѕверови ноќе.

11. Кога на Давида му соопштија што направила ќерката на Ајин Ресфа, Сауловата соложница,

12. Давид отиде и ги зеде Сауловите коски и коските на неговиот син Јонатан од жителите на Галадскиот Јавис, кои ги беа однеле скришно од плоштадот во Вет Сан, каде што ги обесија Филистејците во оној ден кога Филистејците го поразија Саула на Гелвуја.

13. Давид ги пренесе оттаму Сауловите коски и коските на неговиот син Јонатан па ги здружи со коските на погубените.

14. И ги закопаа Сауловите коски и коските на неговиот син Јонатан со коските на погубените во Венијаминовата Земја, во Сила, во гробот на Сауловиот татко Кис. Откако исполнија сè што царот заповеда, Бог се смилува на земјата.

Прочитајте целосна глава 2 Самоилова 21