20. Потоа избувна пак војна во Гат, каде што беше некој човек со висок раст: тој имаше на секоја рака и нога по шест прсти, и така дваесет и четири; и тој беше потомок на Рефаим.
21. Кога почна да го хули Израел, го уби Јонатан, син на Давидовиот брат Сама.
22. Тие четворица беа потомци на истиот Рефаим од Гат, а загинаа од Давидовата рака и од рацете на неговите слуги.