Стар Завет

Нов Завет

2 Самоилова 21:15-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. Еднаш пак почна војна меѓу Филистејците и Израелците. Давид отиде во бој со своите луѓе, та се бореа со Филистејците така што Давид се замори.

16. Јасви Венов, еден од Рефаимовите потомци, чие копје беше тешко три стотини бронзени сикли и кој имаше на појасот нов меч, се фалеше дека ќе го убие Давида.

17. Но на Давида му прискокна на помош Серуиниот син Ависај, тој го удри Филистеецот та го уби. Тогаш Давидовите луѓе се заколнаа, велејќи му на Давида: „Не ќе одиш веќе со нас во бој, за да не го угасиш Израелевиот светилник!”

18. Потоа пак избувна војна со Филистејците во Гова; тогаш Хусанецот Сивехај го погуби Сафа, еден од Рефаимовите синови.

19. Покрај тоа настана војна со Филистејците во Гова; тогаш Јаре-Орегимовиот син Елханан од Витлеем го погуби Гетеецот Голијат, кој имаше копјиште колку ткаачко вратило.

20. Потоа избувна пак војна во Гат, каде што беше некој човек со висок раст: тој имаше на секоја рака и нога по шест прсти, и така дваесет и четири; и тој беше потомок на Рефаим.

21. Кога почна да го хули Израел, го уби Јонатан, син на Давидовиот брат Сама.

Прочитајте целосна глава 2 Самоилова 21