Стар Завет

Нов Завет

2 Самоилова 20:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Таму случајно се најде опак човек, по име Сева, син Вихриев, Венијаминец. Тој затруби во рогот и извика: „Ние немаме дел со Давида, ни наследство со Јесеевиот син! Секој во својот шатор, Израелу!”

2. Така сите Израелци го оставија Давида и тргнаа по Вихриевиот син Сева; е Јудејците му останаа приврзани на својот цар и го отпратија од Јордан до Ерусалим.

3. Кога Давид се врати во својот дворец во Ерусалим, ги зеде десетте соложници, кои ги беше оставил да го чуваат дворецот, и ги стави да бидат чувани. Се грижеше за нивното издржување, ама веќе не одеше кај нив. Така тие живееја затворени до својата смрт, како вдовици на жив маж.

4. Потоа царот му заповеда на Амаса: „Свикај ми ги Јудејците во три дни, а и ти да бидеш тука!”

5. Амаса отиде да ги свика Јудејците, но се задржа преку времето што му го беше одредил царот.

6. Тогаш Давид му рече на Ависај: „Сега Вихриевиот син Сева ќе ни биде поопасен отколку Авесалом. Затоа земи ги луѓето на својот господар и тргни во потера по него, за да не стигне до утврдените градови и за да не ни избега од очите!”

7. По Ависаја тргнаа на пат Јоав, Херетејците, Фелетејците, Пелеќанците и сите јунаци; тие излегоа од Ерусалим во потера по Вихриевиот син Сева.

Прочитајте целосна глава 2 Самоилова 20