Стар Завет

Нов Завет

2 Самоилова 19:39-43 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

39. Кога сиот народ помина преку Јордан, помина и царот, го пољуби Варзелаја и го благослови, потоа овој се врати во своето место.

40. Царот го продолжи патот за Галгал, Хамам одеше со него. Царот го следеа сиот Јудин народ и половината од Израелевиот народ.

41. Тогаш сите Израелци дојдоа пред царот и го прашаа: „Зошто нашите браќа Јудејци те украдоа и зошто ги преведоа преку Јордан нашиот цар и неговиот дом и сите Давидови луѓе со нив?”

42. А Јуда му одговори на Израел: „Царот ми е род мене. Зошто си се налутил заради тоа? Дали јадев на царева сметка? Или нешто си заграбив?”

43. Тогаш Израел му одговори на Јуда: „Јас имам десет делови во царот, и спрема тебе јас сум првороденец. И така зошто ме презре? Не беше ли мојот збор прв кога требаше да биде доведен назад мојот цар?” Но Јудиниот говор беше поцврст од Израелевиот говор.

Прочитајте целосна глава 2 Самоилова 19