Стар Завет

Нов Завет

2 Самоилова 19:26-41 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. А тој одговори: „Цару господару! Мојот слуга ме измами. Твојот слуга му рече: ‘Насамари ми ја ослицата, да ја јавнам и да тргнам со царот!’ Зашто твојот слуга е хром.

27. Тој го наклевети твојот слуга пред мојот господар и цар. Ама мојот господар и цар е како Божји ангел: затоа прави што е добро во твоите очи.

28. Зашто сиот мој татков дом немаше заслужено друго освен смрт од мојот господар цар, а ти сепак го прими својот слуга меѓу оние кои јадат на твојот стол. Па како уште имам право да се поплачувам пред царот?”

29. А царот му одговори: „Зошто уште да го тегнеш својот говор? Одредувам: ти и Сива поделете си ги нивите!”

30. Мефивостеј му рече на царот: „Нека земе и сè, кога мојот господар цар се врати среќно во својот дом!”

31. И Галадецот Варзелај дојде од Рогелим и продолжи со царот за да го испрати преку Јордан.

32. Варзелај беше многу стар, му беа осумдесет години. Го снабдуваше царот со храна додека престојуваше во Маханаим, зашто беше мошне имотен човек.

33. Царот му рече на Варзелај: „Појди со мене, јас ќе те издржавам во твоите стари денови кај себе во Ерусалим.”

34. А Варзелај му одговори на царот: „А уште колку години ми остануваат за да одам со царот во Ерусалим?

35. Сега ми се осумдесет години; можам ли уште да разликувам што е добро а што зло? Може ли уште да му биде пријатно на твојот слуга тоа што јаде и што пие? Можам ли уште да го слушам гласот на пејачот и пејачката? Зошто твојот слуга уште би му бил товар на својот господар цар?

36. Твојот слуга уште само ќе помине преку Јордан со царот, но зошто царот би ми дал таква награда?

37. Дозволи му на својот слуга да се врати за да умрам во својот град кај гробот на својот татко и својата мајка. Но еве го твојот слуга Хамам, нека оди натаму со мојот господар цар, па стори му нему што е добро во твоите очи!”

38. Царот одговори: „Тогаш Хамам нека иде со мене натаму, а јас ќе му сторам што ти е тебе мило, и што и да ме замолиш, сè ќе му сторам заради тебе.”

39. Кога сиот народ помина преку Јордан, помина и царот, го пољуби Варзелаја и го благослови, потоа овој се врати во своето место.

40. Царот го продолжи патот за Галгал, Хамам одеше со него. Царот го следеа сиот Јудин народ и половината од Израелевиот народ.

41. Тогаш сите Израелци дојдоа пред царот и го прашаа: „Зошто нашите браќа Јудејци те украдоа и зошто ги преведоа преку Јордан нашиот цар и неговиот дом и сите Давидови луѓе со нив?”

Прочитајте целосна глава 2 Самоилова 19