Стар Завет

Нов Завет

2 Самоилова 17:27-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

27. Кога Давид дојде во Маханаим, тогаш Совиј, синот Насов од Амонската Рава, па Махир, синот Амилов од Ло Девар, и Варзелај, Галадец од Рогелим,

28. донесоа постели, покривки, чаши и земјени садови, покрај тоа пченица, јачмен, брашно, пржено жито, боб, леќа,

29. мед, кисело млеко и кравјо и овчо сирење, и ги понудија Давида и народот што беше со него да јадат. Зашто мислеа: „Луѓето трпеа во пустината глад, замор и жед.”

Прочитајте целосна глава 2 Самоилова 17