Стар Завет

Нов Завет

2 Самоилова 17:17-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Јонатан и Ахимас се задржуваа кај Рогилскиот Извор; една слугинка доаѓаше и им донесуваше вести, а тие одеа да му го јават тоа на царот Давид, зашто не смееја да се откријат влегувајќи во градот.

18. Ама ги забележа некој момок та му јави на Авесалома. Тогаш двајцата отидоа итно и дојдоа во куќата на некој човек во Ваурим. Во неговиот двор имаше кладенец, и тие се спуштија во него.

19. А жената зеде и распростре покривач преку отворот на кладенецот, и потури врз него истолчени зрна, така што не можеше ништо да се забележи.

20. Авесаломовите слуги дојдоа кај таа жена во куќата и ја прашаа: „Каде се Ахимас и Јонатан?” А жената им одговори: „Отидоа натаму кон водата.” Потоа ги бараа уште, ама не ги најдоа па се вратија во Ерусалим.

21. А кога тие си отидоа, оние двајца излегоа од кладенецот и отидоа да му ја однесат веста на царот Давид. И му рекоа: „Станете и поминете побргу преку водата, зашто Ахитофел советуваше така и така против вас.”

Прочитајте целосна глава 2 Самоилова 17