Стар Завет

Нов Завет

2 Самоилова 17:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тогаш Ахитофел му рече на Авесалома: „Дозволи да изберам дванаесет илјади луѓе па да се дигнам во потера по Давида уште ноќеска.

2. Ќе нападнам врз него кога ќе биде заморен и без сила; ќе го плашам, и ќе се разбега сиот народ што е со него. Тогаш ќе го убијам самиот цар.

3. А сиот народ ќе го доведам назад кај тебе, ти му работиш спроти глава само на еден човек, што значи враќање на сите, и а сиот народ тогаш ќе биде мирен.”

4. Тоа им се допадна на Авесалома и на сите Израелеви старешини.

5. Ама Авесалом рече: „Да го повикаме уште Архиецот Хусај, да чуеме што ќе ни каже тој!”

6. Кога Хусај дојде кај Авесалома, му рече Авесалом: „Ахитофел советуваше вака. Дали да направиме како што предложи тој? Ако не, зборувај ти!”

7. А Хусај му одговори на Авесалома: „Овој пат Ахитофеловиот совет не е добар.”

8. И Хусај продолжи: „Ти знаеш дека твојот татко и неговите луѓе се јунаци и дека се лути како мечка на која и ги одзеле нејзините мечиња. Твојот татко е воин, тој нема да дозволи народот да почива во ноќта.

9. Тој се крие сега во некаква јама или на некакво друго место. Па ако веднаш во почетокот падне некој од нашите, ќе се рашири глас за пораз на војската што му се придружила на Авесалома.

Прочитајте целосна глава 2 Самоилова 17