Стар Завет

Нов Завет

2 Самоилова 15:14-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Тогаш Давид им рече на сите свои слуги кои што беа со него во Ерусалим: „Станете! Да бегаме! Инаку нема да му избегаме на Авесалома. Поитајте бргу, за да не биде тој побрз и да нè стигне, да не обори зло врз нас, и да не го погуби градот со острилото на мечот!”

15. А царевите дворјанци му одговорија на царот: „Што и да одлучи нашиот господар цар, еве ги твоите слуги!”

16. И царот излезе пеш со сиот свој двор; сепак царот остави десет наложнички, за да го чуваат домот.

17. И царот замина пеш со сиот народ и застана кај последната куќа.

Прочитајте целосна глава 2 Самоилова 15