1. Потоа Авесалом си набави кола и коњи, и педесет луѓе кои трчат пред него.
2. Авесалом стануваше рано изутрина, и застануваше покрај патот што водеше до градската врата; и секој што имаше некаква парница та одеше кај царот на суд, Авесалом го повикуваше кај себе и го прашуваше: „Од кој град си?” А кога тој би одговорил: „Твојот слуга е од тоа и тоа Израелево племе,’
3. тогаш Авесалом ќе му речеше: „Гледаш, твојата работа е добра и праведна, ама нема да најдеш никого, кој би те послушал кај царот.”
4. Авесалом ќе продолжеше: „Ах, кога би ме поставиле мене за судија во земјата! Секој што би имал некаква парница или судење би доаѓал кај мене, и јас би му дал правда!”
5. А кога некој ќе му се доближеше, за да му се поклони, тој би ја испружил раката, ќе го привлечеше кон себе и ќе го пољубеше.