Стар Завет

Нов Завет

2 Самоилова 14:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. А Јоав, синот Серуин, забележа дека царевото срце се свртува кон Авесалома.

2. Затоа Јоав испрати во Текоа по една умна жена и и рече: „Преправи се како да си во скрб по умрен, облечи тажачки облеки, немој да се мачкаш со масло, туку биди како жена, која е веќе долго време во жалост по умрен.

3. Ќе отидеш кај царот и ќе му речеш вака.” И Јоав и стави во устата нејзина, што да каже.

4. Кога жената од Текое му прозбори на царот, падна ничкум на земјата и се поклони, потоа рече: „Помогни, цару!”

5. Царот ја праша: „Што ти е?” А таа одговори: „Ах, јас сум вдовица. Маж ми умре,

6. а твојата слугинка имаше два сина. Тие се скараа во полето, а немаше никој да ги раздвои, па едниот од нив го удри другиот и го уби.

7. И ете сиот род се подигна против твојата слугинка и рече: ‘Предај ни го тој, кој го убил брата си: за да го погубиме за животот на неговиот брат кого го убил, а со тоа ќе го сотреме и наследникот.’ Така сакаат да ја угаснат жеравицата што им остана, за да не му остават на мојот маж ни име ни потомство по лицето на земјата.”

8. А царот и рече на жената: „Оди си во твојата куќа, јас ќе одредам што треба за тебе.”

9. А жената од Текое му рече на царот: „Господару, цару! Вината нека падне врз мене и врз мојот татковски дом; царот и неговиот престол невини се во тоа!”

10. А царот продолжи: „Оној, кој ти се закани, доведи го кај мене! Тој веќе нема да те гибне!”

Прочитајте целосна глава 2 Самоилова 14