Стар Завет

Нов Завет

2 Самоилова 13:18-31 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. А таа имаше на себе облека разнобојна, зашто некогаш во такви облеки ги облекуваа царските ќерки додека беа девици. Слугата ја изведе надвор и ја заклучи вратата зад неа.

19. Тогаш Тамара зеде пепел и се посипа по главата, ја раскина шарената облека што ја имаше на себе, ја стави раката на главата и си отиде викајќи гласно додека одеше.

20. А нејзиниот брат Авесалом ја праша: „Дали можеби твојот брат Амнон беше со тебе? Ама сега, сестро моја, молчи: брат ти е! Не земај го тоа на срце!” Така Тамара остана осамена во куќата на својот брат Авесалом.

21. Кога царот Давид чу сè што се случило, многу се разгневи.

22. А Авесалом не му рече на Амнона ни збор, зашто Авесалом го замрази Амнона што му ја засрами сестрата Тамара.

23. А по две години Авесалом ги стрижеше овците во Вал-Асор, кај Ефрема; и Авесалом го повика сето царско семејство.

24. Авесалом дојде кај царот и му рече: „Еве, твојот слуга ги стриже овците, па нека царот и неговите дворјанци се удостојат да дојдат кај својот слуга.”

25. Ама царот му одговори на Авесалома: „Не, сине, не ќе дојдеме сите, за да не ти бидеме на товар.” Авесалом настојуваше, но тој не сакаше да оди, туку го благослови и го пушти.

26. Ама Авесалом продолжи: „Ако не сакаш ти, дозволи тогаш мојот брат Амнон да тргне со нас.” А царот го праша: „Зошто да иде со тебе?”

27. Ама Авесалом и натаму навалуваше, та најпосле Давид ги пушти со него Амнона и сите царски синови.

28. И им заповеда на своите слуги вака: „Внимавајте! Кога ќе му се развесели срцето на Амнон од вино и кога јас ќе ви викнам: ‘Убијте го Амнона!’ тогаш погубете го! Не бојте се, зашто така ви заповедам! Охрабрете се и покажете се јунаци!”

29. И Авесаломовите слуги направија со Амнон како што им заповеда Авесалом. Тогаш сите царски синови станаа, ги јавнаа секој својата мазга и избегаа.

30. Додека тие уште беа на пат, на Давида му дојде ваква вест: „Авесалом ги истепа сите царски синови, ниеден од нив не остана.”

31. Царот стана, ги раскина своите облеки и се фрли на земја; и сите негови дворјанци кои што стоеја околу него ги раскинаа своите облеки.

Прочитајте целосна глава 2 Самоилова 13