Стар Завет

Нов Завет

2 Самоилова 10:6-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Тогаш Амонците увидоа дека се замразија со Давида; затоа Амонците испратија гласници за да ги најмат за плата Арамејците од Вет Реова и Арамејците од Сова, дваесет илјади пешаци, потоа царот Маха, илјада луѓе, и луѓето од Това, дванаесет илјади војници.

7. Кога Давид го чу тоа, го испрати Јоава со војската и со одбрани јунаци.

8. Амонците излегоа и се наредија во боен ред пред градската врата, додека Арамејците од Сова и од Реова и луѓето од Това и од Маха стоеја одделно во полето.

9. Откако виде бојни редови спроти себе, однапред и одназад, Јоав ги одбра најспособните меѓу Израелците и ги нареди спроти Арамејците.

10. Другата војска му ја предаде на братот Ависај за да ја нареди спроти Амонците.

11. И му рече: „Ако Арамејците бидат посилни од мене, тогаш ти прискокни ми на помош; ако Амонците бидат посилни од тебе јас ќе ти побрзам на помош.

12. Биди храбар и да се држиме јуначки заради народот и заради градовите на својот Бог; а Господ нека направи што Му е по волјата.”

13. Тогаш Јоав и војската што беше со него почнаа да се приближуваат за да удрат врз Арамејците, ама тие избегаа пред него.

14. Кога Амонците видоа дека Арамејците избегаа, побегнаа и тие пред Ависеј и се повлекоа во градот. Тогаш Јоав се откажа од војната против Амонците и се врати во Ерусалим.

15. Кога Аморејците видоа дека Израелците ги поразија, ги собраа повторно своите чети.

16. Адар-Езер испрати гласници и ги собра Арамејците што се од онаа страна на Реката. Тие дојдоа во Елам под водството на Совак, војвода на Адар-Езеровата војска.

17. Откако му го јавија тоа на Давида, тој ги собра сите Израелци и, откако помина преку Јордан, дојде во Елам. Арамејците се наредија против Давида и започнаа бој со него.

18. Ама Арамејците удрија во бегство пред Израелците, и Давид им истепа седум стотини коњи на бојните коли и четириесет илјади пешаци; го погуби и нивниот војвода Совак, та умре таму.

19. А кога сите цареви, Адар-Езерови подвластеници, видоа дека Израел ги порази, склучија мир со Израел и почнаа да му служат. А Арамејците веќе не се осмелуваа да им помагаат на Амонците.

Прочитајте целосна глава 2 Самоилова 10