Стар Завет

Нов Завет

2 Самоилова 1:24-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

24. Ќерки Израелки, сега плачете по Саула, зашто ве облекуваше во убаво црвено! Покрај тоа тој ви прицврстуваше златен накит на облеката.

25. Како загинаа јунаците сред бојот, Јонатан загина на твоите височини!

26. Жал ми е за тебе, брате, Јонатану! Колку многу ти ми беше мил! Твојата љубов ми беше уште почудесна од женската.

27. Ох, како загинаа јунаците, и како е скршено бојното оружје!”

Прочитајте целосна глава 2 Самоилова 1