Стар Завет

Нов Завет

2 Самоилова 1:13-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Потоа Давид го праша младиот гласник: „Од каде си ти?” А тој одговори: „Јас сум син на еден придојденик, Амаликец.”

14. Тогаш Давид му рече: „Како не се боеше да дигнеш рака за да го убиеш Господовиот помазаник?”

15. И Давид повика едно од момчињата и му заповеда: „Дојди тука и погуби го!” Момчето го удри, и тој умре.

16. А Давид уште му викна: „Твојата крв врз твојата глава! Твојата уста сведочеше против тебе кога рече: ‘Јас го убив Господовиот помазаник.’”

Прочитајте целосна глава 2 Самоилова 1