Стар Завет

Нов Завет

2 Летописи 9:2-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Соломон и одговори на сите прашања; ништо не му беше скриено на Соломона, за да не би умеел да и објасни.

3. Кога царицата од Сава ги виде: неговата мудрост, дворецот што го беше изградил,

4. јадењата на неговиот стол, седењето на неговите слуги и дворници, отменоста на неговите прислужници и нивните облеки, неговите виноподнесувачи, и неговите паленици кои ги принесуваше во Господовиот Дом, и застана здивот.

5. Тогаш му рече на царот: „Вистина е што чув за тебе и за твојата мудрост во својата земја.

6. Ама не сакав да верувам во тоа што се раскажува додека не дојдов и видов со своите очи; и навистина, не ми беше речено ни половина за твојата голема мудрост; го надмина гласот што го чув.

7. Блазе им на твоите луѓе и на твоите слуги, кои стојат пред тебе и ја слушаат твојата мудрост!

8. Нека е благословен Господ, твојот Бог, Кому му омиле толку па те поставил на Својот престол за да царуваш место Господа, својот Бог, зашто твојот Бог го љуби Израел за да го одржи довека; и затоа те постави тебе за цар за да правиш право и правда.”

9. Тогаш му даде на царот сто и дваесет златни таланти и многу мириси и бесцени камења. Никогаш веќе немаше такви благомириси какви што царицата од Сава му даде на царот Соломон.

10. Хирамовите слуги, кои донесуваа злато од Офир со Соломоновите слуги, исто така донесоа сандалово дрво и скапоцени камења.

11. Царот направи од тоа црвено дрво скали кон Господовиот Дом и кон царскиот дом, и гуслиња и псалтири за певците: никогаш порано не беа видени слични работи во Јудејската Земја.

12. Царот Соломон и даде на царицата од Сава сè што пожела и што посака, освен она што самата му го донесе на царот. Потоа таа тргна и со слугите си отиде во својата земја.

13. Златото што му доаѓаше на Соломона секоја година беше тешко шест стотини шеесет и шест златни таланти,

Прочитајте целосна глава 2 Летописи 9