Стар Завет

Нов Завет

2 Летописи 9:13-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Златото што му доаѓаше на Соломона секоја година беше тешко шест стотини шеесет и шест златни таланти,

14. освен она што доаѓаше од трговците и од патувачките продавачи. И сите арабјански цареви и земни управители му донесуваа злато и сребро на Соломон.

15. Царот Соломон направи двеста штитови од ковано злато: за секој штит употреби шест стотини шекели ковано злато,

16. и направи триста штитчиња од ковано злато; за секое штитче потроши триста златни шекели. Царот ги стави на чување во куќата наречена Ливанска Гора.

17. Царот направи и голем престол од слонова коска и го обложи со чисто злато.

18. Престолот имаше шест скали и златно подножје составено со престолот, и рачки од двете страни на престолот, а покрај рачките стоеја два лава.

19. Дванаесет лавови стоеја од двете страни на оние шест скали. Такво нешто не беше изработено во ниедно царство.

20. Сите садови од кои пиеше царот Соломон беа златни, и сите посатки во куќата наречена Ливанска Гора беа од чисто злато; среброто беше сметано безвредно во Соломоновото време.

21. Царевите бродови одеа од Тарсис со Хирамовите слуги; се враќаа секоја трета година и допловуваа тарсиските бродови донесувајќи злато и сребро, слонова коска, мајмуни и пауни.

22. Така царот Соломон ги надмина со богатство и со мудрост сите земни цареви.

23. Сите земни цареви имаа желба да го видат Соломона и да ја чујат мудроста што Бог му ја влеал во срцето.

24. Секој му донесуваше подарок, сребрени и златни посатки, облеки, оружје и мириси, коњи и мазги, од година во година.

25. Соломон имаше четири илјади коњски јасли и бојни коли, и дванаесет илјади коњаници, кои ги распореди по градовите на бојните коли и кај царот во Ерусалим.

Прочитајте целосна глава 2 Летописи 9