Стар Завет

Нов Завет

2 Летописи 8:7-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. А на сите кои останаа: од Хетејците, Аморејците, Ферезејците, Евејците и Евусејците, кои не беа Израелци,

8. на нивните синови кои останаа по нив во земјата и кои Израелците не ги сотреа - Соломон им наметна данок до денешниот ден.

9. Соломон не ги претворуваше Израелевите синови во робови за работа, туку беа воини, заповедници на неговите штитоносци и заповедници на бојните коли и на коњицата.

10. Беа главатари над управителите, кои ги имаше царот Соломон двеста и педесет, и управуваа со народот.

11. Соломон ја пресели и фараоновата ќерка од Давидовиот Град во домот што и го беше изградил, зашто мислеше: „Мојата жена не ќе живее во дворецот на израелскиот цар, зашто е свет откако во него дојде Господовиот Ковчег.”

12. Тогаш Соломон почна да Му принесува на Господа паленици на Господовиот жртвеник, што го беше изградил пред тремот,

13. и тоа колку што требаше од ден во ден да принесе по Мојсеевата заповед, во саботи, и на младите месечини, и на празниците трипати во годината, на празникот Бесквасни лебови, на празникот Седмици, и на празникот Сеници.

14. Ги постави, според уредбата на таткото Давид, свештеничките редови според нивната служба, и левитските по нивните должности, да слават со песни и да служат пред свештениците, колку што треба од ден во ден, и вратарите според нивните редови на секоја врата, зашто таква беше заповедта на Божјиот човек Давид.

15. Не отстапија од царевата повелба за свештениците и за левитите во ништо, ниту за сокровиштата.

Прочитајте целосна глава 2 Летописи 8