Стар Завет

Нов Завет

2 Летописи 8:1-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. А кога поминаа дваесет години, за колку време Соломон ги подигна Господовиот Дом и својот дворец,

2. Соломон изгради градови, што му ги даде Хирам, и ги насели таму Израелевите синови.

3. Потоа Соломон отиде против Совскиот Емат и го освои.

4. Ги соѕида Тадмор и секакви места за складови во Емат.

5. Ги изгради и Горниот Вет Орон и Долниот Вет Орон, тврди градови со ѕидови, со врати и со лостови;

6. и Валат, и сите градови во кои што имаше складови, сите градови за воени коли и градовите за коњаниците, и сè што посака Соломон да гради во Ерусалим и во Ливан и по сета земја на своето царство.

7. А на сите кои останаа: од Хетејците, Аморејците, Ферезејците, Евејците и Евусејците, кои не беа Израелци,

8. на нивните синови кои останаа по нив во земјата и кои Израелците не ги сотреа - Соломон им наметна данок до денешниот ден.

9. Соломон не ги претворуваше Израелевите синови во робови за работа, туку беа воини, заповедници на неговите штитоносци и заповедници на бојните коли и на коњицата.

10. Беа главатари над управителите, кои ги имаше царот Соломон двеста и педесет, и управуваа со народот.

11. Соломон ја пресели и фараоновата ќерка од Давидовиот Град во домот што и го беше изградил, зашто мислеше: „Мојата жена не ќе живее во дворецот на израелскиот цар, зашто е свет откако во него дојде Господовиот Ковчег.”

12. Тогаш Соломон почна да Му принесува на Господа паленици на Господовиот жртвеник, што го беше изградил пред тремот,

Прочитајте целосна глава 2 Летописи 8