Стар Завет

Нов Завет

2 Летописи 7:17-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. А ти, ако одиш пред Мене како што одеше татко ти Давид, правејќи сè што ти заповедав и пазејќи ги Моите одредби и закони,

18. ќе го додржам твојот царски престол како што му ветив на твојот татко Давид, велејќи: ‘Не ќе ти потснема наследник, кој ќе владее во Израел.’”

19. ”Ама ако Ме оставите и ако ги напуштите одредбите и заповедите кои ви ги дадов, та отидете и почнете да им служите на туѓи богови и да им се клањате,

20. ќе ги истерам Израелците од Мојата земја што им ја дадов, и ќе го отфрлам од себе овој Дом, кој Му го посветив на Моето Име, и ќе направам од него приказна и срам меѓу сите народи.

Прочитајте целосна глава 2 Летописи 7