Стар Завет

Нов Завет

2 Летописи 6:35-42 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

35. послушај ги од небото неговата молитва и неговото просење и направи што е потребно за него.

36. Кога ќе ти згрешат, зашто нема човек кој не греши, а ако Ти, откако ќе се разгневиш на нив, ќе ги предадеш на непријателите за да ги заробат и за да ги одведат како робје во далечна или блиска земја,

37. па ако се покајат со срцето во земјата во која ќе бидат одведени и ако почнат да Те молат за милост во земјата на своите освојувачи велејќи: ‘Згрешивме’,

38. и ако така Ти се обратат Тебе со сето срце и со сета душа во земјата на своето ропство во која ќе бидат доведени како робови, и ако се помолат свртени кон земјата, што Ти им ја даде на нивните татковци, и кон градот што го одбра, и кон Домот што јас му го подигнав на Твоето Име,

39. послушај ги од небото, каде престојуваш, нивната молба и нивното просење, направи им правда, и прости му на Твојот народ што ти згрешил.

40. Сега, Боже мој, Твоите очи нека бидат отворени и Твоите уши нека бидат внимателни на молитвите на ова место!

41. А сега, Господи Боже, стани во Твоето почивалиште, Ти и Ковчегот на Твојата сила, Твоите свештеници, Господи Боже, нека се облечат во спасение, и Твоите свети нека се насладуваат со блага.

42. Господи Боже! Не свртувај го лицето од Твојот помазаник, спомни си за милостите што му ги даде на Твојот слуга Давид!”

Прочитајте целосна глава 2 Летописи 6