Стар Завет

Нов Завет

2 Летописи 5:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Така беше доведена кон крај работата што Соломон ја сврши за Господовиот Дом. Соломон ги внесе сите свети дарови на татака си Давида - среброто, златото и сите посатки - и ги стави во ризницата на Божјиот Дом.

2. Тогаш Соломон ги свика во Ерусалим сите Израелеви старешини, племенските кнезови и семејните главатари, за да се пренесе Ковчегот на Господовиот Завет од Давидовиот Град, односно од Сион.

3. Сите Израелеви мажи се собраа пред царот на празникот што е во седмиот месец.

4. Кога се состанаа сите Израелеви старешини, левитите го зедоа со себе Ковчегот.

5. И ги пренесоа Ковчегот и Шаторот на средбата со сиот посветен прибор што беше во Шаторот; свештениците и левитите ги пренесоа.

6. Потоа царот Соломон и сета израелска заедница што се собра кај него жртвуваа пред Ковчегот толку овци и говеда што не можеа да се избројат ни да се оценат.

7. Свештениците го донесоа Ковчегот на Господовиот Завет на неговото место, во Дебирот на Домот, односно во Светината над светините, под крилата на херувимите.

8. Херувимите имаа раширени крила над местото каде стоеше Ковчегот, и го засолнуваа Ковчегот и неговите драгови.

9. Драговите беа толку долги што им се гледаа краевите од Светилиштето спроти Дебирот, ама не се гледаа од надвор, и таму стојат до денешен ден.

Прочитајте целосна глава 2 Летописи 5