Стар Завет

Нов Завет

2 Летописи 4:6-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Направи десет мијалници и ги постави пет оддесно, пет одлево за да се мие во нив; во нив го миеја тоа што требаше за палениците; морето им беше наменето на свештениците за да се мијат во него.

7. Направи десет златни светилници според прописот и ги стави во Храмот, пет оддесно, пет одлево.

8. Тогаш направи десет столови и ги постави во Храмот, пет оддесно, а пет одлево. Направи сто златни котлиња.

9. Тогаш направи свештенички трем, голем двор со врати што ги покри со бронза.

10. Го стави морето од десната страна кон југоисток.

11. Хирам направи грнчиња, лопати и котлиња. Ја приврши сета работа што му ја правеше на царот Соломон за Божјиот Дом:

12. два столба; две главчиња што беа на врвот на столбовите; две мрежи за да ги покријат двете главчиња што беа на врвот на столбовите;

13. четири стотини калинки за двете мрежи; два реда калинки за секоја мрежа, за да ги покријат двете главчиња на врвот на столбовите;

14. десет подножја и десет мијалници на подножјата;

15. едно море и дванаесет волови под него;

16. грнчиња, лопати, вилушки и сиот прибор за нив му ги направи од бронза Хирам Авив на царот Соломон за Господовиот Дом.

17. Царот нареди да ги излеат во Јорданската Рамница, кај глинената земја, меѓу Сокхот и Саридат.

18. Соломон направи толку многу од тие предмети да не можеше да се измери тежината на бронзата.

19. Тогаш ги направи сите предмети наменети за Божјиот Дом: златниот жртвеник и столбовите на кои беа принесените лебови,

Прочитајте целосна глава 2 Летописи 4