Стар Завет

Нов Завет

2 Летописи 4:2-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Тогаш излеа море што од работ до работ мереше десет лакти; беше кружно наоколу, високо пет лакти, а во опфат, мерено со врвца, имаше триесет лакти.

3. Под него беа воловски ликови што го опашуваа наоколу. Беа по десет на еден лакт, та го опкружуваа морето наоколу; два реда од тие волови беа излеани со морето.

4. Морето стоеше на дванаесет волови; три гледаа на север, три на запад, три на југ, три на исток; морето стоеше на нив, и сите беа свртени со задниот дел кон внатре.

5. Беше дебело една дланка, работ му беше како раб на чаша, како лилјанов цвет, а можеше да прими три илјади вати.

6. Направи десет мијалници и ги постави пет оддесно, пет одлево за да се мие во нив; во нив го миеја тоа што требаше за палениците; морето им беше наменето на свештениците за да се мијат во него.

7. Направи десет златни светилници според прописот и ги стави во Храмот, пет оддесно, пет одлево.

8. Тогаш направи десет столови и ги постави во Храмот, пет оддесно, а пет одлево. Направи сто златни котлиња.

9. Тогаш направи свештенички трем, голем двор со врати што ги покри со бронза.

Прочитајте целосна глава 2 Летописи 4