Стар Завет

Нов Завет

2 Летописи 4:13-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. четири стотини калинки за двете мрежи; два реда калинки за секоја мрежа, за да ги покријат двете главчиња на врвот на столбовите;

14. десет подножја и десет мијалници на подножјата;

15. едно море и дванаесет волови под него;

16. грнчиња, лопати, вилушки и сиот прибор за нив му ги направи од бронза Хирам Авив на царот Соломон за Господовиот Дом.

17. Царот нареди да ги излеат во Јорданската Рамница, кај глинената земја, меѓу Сокхот и Саридат.

18. Соломон направи толку многу од тие предмети да не можеше да се измери тежината на бронзата.

19. Тогаш ги направи сите предмети наменети за Божјиот Дом: златниот жртвеник и столбовите на кои беа принесените лебови,

20. златните светилници со светилките од чисто злато што требаа, според прописот, да се палат пред Најсветото место;

21. цветовите, светилките и ножиците од злато; тоа беше чисто злато;

22. ножиците, котлињата, машичките и кадилниците од чисто злато; влезот во Домот, внатрешната врата на Светината над светините, и вратата на Храмот во Светилиштето, беа златни.

Прочитајте целосна глава 2 Летописи 4