Стар Завет

Нов Завет

2 Летописи 35:21-27 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. Царот Нехао му испрати посланици на Јосиј и му нарача: „Што имам јас со тебе јудејски цару? Јас не идам денес против тебе, туку против домот со кој сум во војна, и Бог ми заповеда да побрзам. Не Му се противи на Бога Кој е со мене, за да не те погуби!”

22. Но Јосиј не го одврати лицето од него, туку се охрабри за да се бие со него; не послушувајќи ги Нехаовите зборови од Божјата уста, дојде да се бие на Мегидонското Поле.

23. Стрелците го застрелаа царот Јосиј, а тој им рече на слугите: „Изведете ме, зашто сум тешко ранет.”

24. Слугите го слегоа од бојната кола и го ставија во друга кола што ја имаше, па го префрлија во Ерусалим; таму умре и беше погребан во гробницата на татковците. Сета Јудеја со Ерусалим плачеше по Јосиј.

25. И Еремиј затажи по Јосија. И сите пејачи и пејачки го спомнуваат Јосиј во тажачките до денес; ги воведоа во обичај во Израел, и ене се запишани во Тажачките.

26. Другите Јосиеви дела и неговата набожност, правени онака како што пишува во Господовиот Закон,

27. сите негови потфати, од првите до последните, се запишани во книжниот Свиток за израелските и за јудејските цареви.

Прочитајте целосна глава 2 Летописи 35