Стар Завет

Нов Завет

2 Летописи 35:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Потоа Јосиј Му ја празнуваше Пасха на Господа во Ерусалим: пасхалното јагне беше клано во четиринаесеттиот ден на првиот месец.

2. Ги постави свештениците на нивните служби, ободрувајќи ги за служба во Господовиот Дом.

3. Потоа им рече на левитите, кои ги поучуваа сите Израелци и кои Му беа посветени на Господа: „Ставете го светиот Ковчег во Домот што го изгради Давидовиот син Соломон, израелски цар; не смеете веќе да го носите на рамениците; сега служете Му на Господа, својот Бог, и на Неговиот Израелски народ!

4. И подгответе се по татковските домови, по редовите, како што напиша израелскиот цар Давид и како што одреди неговиот син Соломон.

5. Стојте во Светината по редовите на татковските домови на своите браќа, на обичниот народ, и по редот на левитскиот татковски дом.

6. И така колете го пасхалното јагне, та посветете се и подгответе ги своите браќа за да празнуваат како што заповеда Господ преку Мојсеја.”

7. Јосиј му подари на обичниот народ од ситниот добиток јагниња и јариња, сè за Пасхата, на сите кои се најдоа таму, на број триесет илјади и три илјади говеда, сè тоа од царевиот имот.

8. Неговите кнезови доброволно им подарија на народот, на свештениците и на левитите, и тоа: Хелкиј, Захариј и Ехиил, началници во Божјиот Дом, им дадоа на свештениците за Пасха две илјади и шест стотини јагниња и јариња и триста говеда.

9. А Хонаниј, Семај и Натанаил, неговите браќа Асавиј, Јеил и Јозавад, левитски кнезови, им подарија на левитите за Пасхата пет илјади грла ситен добиток и пет стотини говеда.

Прочитајте целосна глава 2 Летописи 35