Стар Завет

Нов Завет

2 Летописи 33:16-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. Потоа пак го подигна Господовиот жртвеник и жртвуваше врз него помирителни жртви и благодарници. Им заповеда и на Јудејците да му служат на Господа, Израелевиот Бог.

17. Сепак народот уште жртвуваше по високите места, но само на Господа, на својот Бог.

18. Другите Манасиеви дела, и неговата молитва кон Бога, зборовите што му ги кажуваа гледачите во Името на Господа, Израелевиот Бог, се запишани во книгата на израелските цареви.

19. Неговата молитва, и како беше послушан, сите негови гревови и неговите беззаконија, и местата на кои изгради високи места, подигна ашери и кипови пред да се понижи - сето тоа е запишано во книгата на Хозај.

20. Тогаш Манасиј почина покрај своите татковци. Го погребаа во дворецот. На неговото место се зацари син му Амон.

21. На Амона му беа дваесет и две години кога се зацари, а царуваше две години во Ерусалим.

22. Правеше што е зло во Господовите очи, како и татко му Манасиј, зашто тој им принесуваше жртви и им служеше на сите кипови на божествата што ги имаше направено неговиот татко Манасиј.

23. Но не се смири пред Господа како што се смири татко му Манасиј, туку уште и ја умножи својата вина.

Прочитајте целосна глава 2 Летописи 33