Стар Завет

Нов Завет

2 Летописи 31:17-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Во родовниците беа внесени свештениците според нивните поколенија и левитите од дваесет години нагоре според нивните служби, по нивните редови.

18. Во родословниците беа внесени сите нивни деца, нивни жени, нивни синови и нивни ќерки, во сиот собор, зашто им се посветија искрено на светините.

19. Ароновите синови, свештениците на полските пасишта на своите градови, во секој одделен град, беа одредени по име, за да му даваат дел на секое машко меѓу свештениците. Левитите ги составија сите родословници.

Прочитајте целосна глава 2 Летописи 31