Стар Завет

Нов Завет

2 Летописи 3:13-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Раширените крила на херувимите имаа дваесет лакти. Херувимите стоеја простум, со лицата свртени кон Домот.

14. Направи завеса од љубичеста свилена ткаенина, од црвено сукно, од отворено-црвено сукно и од лесно платно, та врз нив извезе херувими.

15. Пред Домот направи два столба долги триесет и пет лакти, а нивните главчиња на врвот по пет лакти.

16. Во Девира тој сплете венци та ги постави на врвот на столбовите и направи сто калинки кои ги постави меѓу венците.

17. Ги постави столбовите пред Храмот, едниот оддесно, другиот одлево, та го нарече Јахин оној оддесно, а Воас оној одлево.

Прочитајте целосна глава 2 Летописи 3