Стар Завет

Нов Завет

2 Летописи 3:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тогаш Соломон почна да Му гради Дом на Господа во Ерусалим, на Моривската Гора, таму каде што неговиот татко Давид имаше предвид. Тоа е местото што го подготви Давид, гумното на Евусеецот Орнан.

2. Соломон го почна градењето во вториот ден на вториот месец на четвртата година од своето владеење.

3. Ова се основите што Соломон ги постави за градењето на Божјиот Дом: шеесет лакти во должина - по старата мерка на лактот - а во широчина дваесет лакти.

4. Тремот, што беше пред Домот, имаше, по широчината на овој последниот, а во должина дваесет лакти, а висок беше сто и дваесет лакти. Го обложи внатре со чисто злато.

5. Големата дворница ја обложи со кедри, што ги покри со чисто злато и изработи врз нив палми и цветни венци.

6. Потоа ја украси дворницата со блескави бесцени камења; златото беше парваимско злато.

Прочитајте целосна глава 2 Летописи 3