Стар Завет

Нов Завет

2 Летописи 26:5-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Го бараше Бога за време на животот на Захариј, кој го учеше на Божји страв; додека го бараше Господа, Бог му даваше среќа.

6. Тој излезе и завојува против Филистејците, ги разурна ѕидовите на Гат, ѕидовите на Јавна и ѕидовите на Азот; соѕида градови по Азот и по Филистеја.

7. Бог му помагаше против Филистејците и против Арабјаните, кои живееја во Гур-Вал, и против Маонците.

8. Амонците му даваа данок на Озиј, а неговиот глас се разнесе до Египет, зашто се беше засилил многу.

9. Озиј изгради стражарници во Ерусалим кај Аглената Врата и кај Долинската Врата, и на аголот, та ги укрепи.

10. Изгради стражарници во пустината и ископа многу кладенци, зашто имаше многу добиток и во Шефел и по Рамницата, орачи и лозари во горите и на Кармил, зашто го сакаше земјоделството.

11. Озиј имаше војска вешта за бој, која одеше во војна во чети според бројот како што го изброи тајникот Јемал и настојникот Масиј под управата на Ананиј, еден од царевите кнезови.

12. Вкупно имаше на број, семејни главатари, храбри јунаци; две илјади и шест стотини.

13. Под нивна управа беше силна војска од триста седумдесет илјади и пет стотини за бој вешти војници за да му помагаат на царот против непријателите.

14. Озиј и направи на својата војска штитови, копја, кациги, оклопи, лакови и камења за праќките.

15. Направи во Ерусалим вешто измислени бојни справи, пронајдок на градител, за да стојат на стражарниците и на аглите на тврдините, да фрлаат стрели и големи камења; името му се чу надалеку, зашто уживаше чудесна помош сè додека не се засили.

16. Но кога се засили, срцето му се возгордеа многу што се расипа, та му изневери на Господа, својот Бог, зашто влезе во Господовиот Храм, и почна да принесува темјан на кадилниот жртвеник.

17. Ама по него влезе свештеникот Азариј и со него осумдесет Господви свештеници, чесни луѓе.

Прочитајте целосна глава 2 Летописи 26