Стар Завет

Нов Завет

2 Летописи 26:13-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Под нивна управа беше силна војска од триста седумдесет илјади и пет стотини за бој вешти војници за да му помагаат на царот против непријателите.

14. Озиј и направи на својата војска штитови, копја, кациги, оклопи, лакови и камења за праќките.

15. Направи во Ерусалим вешто измислени бојни справи, пронајдок на градител, за да стојат на стражарниците и на аглите на тврдините, да фрлаат стрели и големи камења; името му се чу надалеку, зашто уживаше чудесна помош сè додека не се засили.

16. Но кога се засили, срцето му се возгордеа многу што се расипа, та му изневери на Господа, својот Бог, зашто влезе во Господовиот Храм, и почна да принесува темјан на кадилниот жртвеник.

17. Ама по него влезе свештеникот Азариј и со него осумдесет Господви свештеници, чесни луѓе.

18. Тие му се спротивија на царот велејќи: „Не е твое Озиј, да му кадиш на Господа, туку тоа е должност на свештениците, на Ароновите синови, кои се посветени за да кадат. Излегувај од Светилиштето! Постапи незаконски и не ти служи на чест пред Господа Бога!”

19. Тогаш Озиј се расрди држејќи ја во раката кадилницата за да кади; кога се расрди на свештениците, му избувна лепра на челото пред свештениците во Господовиот Дом покрај кадилниот жртвеник.

20. Кога свештеничкиот главатар Азариј и сите свештеници го погледнаа одблизу, а тоа ете, му излегла лепра на челото; бргу го избркаа оттаму, а и тој самиот посака да излезе, зашто Господ го удри.

21. Царот Озиј остана лепрозен до смртта, и живееше во посебна куќа, зашто беше отстранет од Господовиот Дом; неговиот син Јотам беше управител на царскиот дворец и му судеше на народот на земјата.

22. Другите Озиеви дела, од првите до последните, ги опиша Амосовиот син пророкот Исаија.

23. Озиј почина, и го погребаа покрај неговите татковци во полето крај царската гробница, велејќи: „Лепрозен е.” На неговото место се зацари син му Јотам.

Прочитајте целосна глава 2 Летописи 26