Стар Завет

Нов Завет

2 Летописи 26:1-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Тогаш сиот јудејски народ го зеде Озиј, кому му беа шеснаесет години, и го зацарија на местото на неговиот татко Амасиј.

2. Тој пак го изгради Елот, враќајќи и го на Јудеја, откако царот почина при своите татковци.

3. На Озиј му беа шеснаесет години кога се зацари, а царуваше педесет и две години во Ерусалим. Мајка му се викаше Ехолија, а беше од Ерусалим.

4. Правеше што е право во Господвите очи, сосем како и неговиот татко Амасиј.

5. Го бараше Бога за време на животот на Захариј, кој го учеше на Божји страв; додека го бараше Господа, Бог му даваше среќа.

6. Тој излезе и завојува против Филистејците, ги разурна ѕидовите на Гат, ѕидовите на Јавна и ѕидовите на Азот; соѕида градови по Азот и по Филистеја.

7. Бог му помагаше против Филистејците и против Арабјаните, кои живееја во Гур-Вал, и против Маонците.

8. Амонците му даваа данок на Озиј, а неговиот глас се разнесе до Египет, зашто се беше засилил многу.

9. Озиј изгради стражарници во Ерусалим кај Аглената Врата и кај Долинската Врата, и на аголот, та ги укрепи.

10. Изгради стражарници во пустината и ископа многу кладенци, зашто имаше многу добиток и во Шефел и по Рамницата, орачи и лозари во горите и на Кармил, зашто го сакаше земјоделството.

11. Озиј имаше војска вешта за бој, која одеше во војна во чети според бројот како што го изброи тајникот Јемал и настојникот Масиј под управата на Ананиј, еден од царевите кнезови.

12. Вкупно имаше на број, семејни главатари, храбри јунаци; две илјади и шест стотини.

Прочитајте целосна глава 2 Летописи 26