Стар Завет

Нов Завет

2 Летописи 25:23-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

23. Израелскиот цар Јоас го фати во Вет-Семес јудејскиот цар Амасиј, синот Јоасов, синот Јоахазов, и го одведе во Ерусалим; таму го разурна ерусалимскиот ѕид од Ефремовата Врата до Аголната Врата, во должина од четири стотини лакти.

24. Откако ги зеде: сето злато, сребро и посатките што се наоѓаа во Божјиот Дом кај Овид-Едом и во ризницата на царскиот дворец, освен тоа и заложници, се врати во Самарија.

25. Јудејскиот цар Амасиј, Јоасов син, живееше уште петнаесет години по смртта на израелскиот цар Јоас, Јоахазовиот син.

26. Другите Амасиеви дела, од првите до последните, запишани се во книжниот свиток за јудејските и израелските цареви.

27. Откако Амасиј го остави Господа, се ковеше завера против него во Ерусалим. Иако побегна во Лахис, испратија по него во Лахис луѓе, кои го убија таму.

28. Оттаму го пренесоа на коњи и го погребаа покрај неговите татковци во Јудиниот Град.

Прочитајте целосна глава 2 Летописи 25