Стар Завет

Нов Завет

2 Летописи 25:16-26 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. Додека тој зборуваше, царот го праша: „Дали си поставен за советник на царот? Прекрати! Зошто да те погубат?” Тогаш пророкот молкна, ама додаде: „Знам дека Бог одлучи да те уништи, бидејќи го правиш тоа, а не го слушаш мојот совет.”

17. Тогаш јудејскиот цар Амасиј смисли и му порача на израелскиот цар Јоас, синот на Јујовиот син Јоахаз: „Дојди да се видиме лице во лице!”

18. А израелскиот цар Јоас му одговори на јудејскиот цар Амасиј: „Еднаш ливанскиот трн му испрати гласници на ливанскиот кедар и му порача: ‘Дај ја ќерката за жена на мојот син.’ Ама ливанските диви ѕверови поминаа и го нагазија трнот.

19. Ги разби Едомците, па срцето ти се возгордеа и бараш слава. Подобро остани си дома. Зошто го предизвикуваш злото и сакаш да паднеш и ти и сите Јудејци со тебе?”

20. Но Амасиј не послуша, зашто Бог беше одредил така, за да ги предаде во рацете на Јоаса, затоа што прибегнаа кон едомските богови.

21. Израелскиот цар Јоас излезе, те се обиде во бојот тој и јудејскиот цар Амасиј во Вет-Семес во Јудеја.

22. Израелците ги поразија Јудејците, и тие избегаа под својот шатор.

23. Израелскиот цар Јоас го фати во Вет-Семес јудејскиот цар Амасиј, синот Јоасов, синот Јоахазов, и го одведе во Ерусалим; таму го разурна ерусалимскиот ѕид од Ефремовата Врата до Аголната Врата, во должина од четири стотини лакти.

24. Откако ги зеде: сето злато, сребро и посатките што се наоѓаа во Божјиот Дом кај Овид-Едом и во ризницата на царскиот дворец, освен тоа и заложници, се врати во Самарија.

25. Јудејскиот цар Амасиј, Јоасов син, живееше уште петнаесет години по смртта на израелскиот цар Јоас, Јоахазовиот син.

26. Другите Амасиеви дела, од првите до последните, запишани се во книжниот свиток за јудејските и израелските цареви.

Прочитајте целосна глава 2 Летописи 25