Стар Завет

Нов Завет

2 Летописи 25:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. На Амасиј му беа дваесет и пет години кога зацари; царуваше дваесет и девет години во Ерусалим. Мајка му се викаше Јоадана и беше од Ерусалим.

2. Правеше што е право во Господовите очи, ама не со сето срце.

3. Кога го зацврсти царството, ги погуби стотниците кои го убија царот, неговиот татко.

4. Ама не им ги погуби синовите, според она што е напишано во книжниот свиток на Мојсеевиот Закон: „Татковците нека не бидат погубувани заради синовите, ни синовите заради татковците, туку секој нека гине за својот грев.”

5. Потоа Амасиј ги собра Јудејците и сиот Јуда и Венијамин, им ги распредели по семејствата, на илјадниците и стотниците. Откако ги преброи од дваесет години нагоре, најде триста илјади одбрани момчиња за војска, вешти за копје и штит.

6. Од Израелците најми сто илјади храбри јунаци за сто сребрени таланти.

7. Но кај него дојде Божји човек и рече: „Царе, израелската војска нека не иде со тебе, зашто Господ не е со Израелците ниту со Ефремовите синови,

8. туку оди ти сам, биди храбар за бојот; инаку Господ ќе те обори.”

9. Тогаш Амасиј го праша Божјиот човек: „А што ќе биде со стоте таланти што им ги дадов на израелските чети?” Божјиот човек одговори: „Господ има да ти даде повеќе од тоа.”

10. Тогаш Амасиј ги одвои четите што му беа дошле од Ефрема, за да се вратат во своето место. Но војниците се разгневија на Јудејците и се вратија во своето место пламнувајќи од расрденост.

Прочитајте целосна глава 2 Летописи 25