Стар Завет

Нов Завет

2 Летописи 23:6-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Никој нека не влегува во Господовиот Дом освен свештениците и левитите кои служат; тие нека влегуваат, зашто се посветени. Сиот народ нека ја пази Господовата наредба.

7. Левитите нека го опкружат царот, секој со оружје во раката, и кој ќе се обиде да влезе во Домот, нека биде погубен. Бидете покрај царот каде и да тргне или да излезе.”

8. Левитите и сиот јудејски народ направија сè онака како што нареди свештеникот Јодај. Секој ги зеде своите луѓе, кои во сабота влегуваа во служба со оние кои излегуваа во сабота. Зашто свештеникот Јодај не ги распушти редовите.

9. Свештеникот Јодај им ги даде на стотниците копјата, штитовите и оклопите на цар Давид што беа во Божјиот Дом.

Прочитајте целосна глава 2 Летописи 23