Стар Завет

Нов Завет

2 Летописи 23:10-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Го постави сиот народ, секого со копје во раката, од јужната до северната страна на Домот, спроти жртвеникот и спроти Домот околу царот наоколу.

11. Тогаш го изведоа царевиот син, му ставија венец на главата, му дадоа Сведоштво и го помазаа за цар. Тогаш Јодај и неговите синови извикаа: „Да живее царот!”

12. Кога Готолија ја чу викотницата на народот, кој се собрал и го фалел царот, дојде кај народот во Господовиот Дом.

13. Погледна подобро, кога ете, царот стои на своето место при влезот, а пред царот заповедници и свирачи; сиот народ воскликнува од радост и труби во труби, певците пеат покрај свирките и ги предводат пеењата. Тогаш Готолија ја раскина облеката и извика: „Предавство, предавство!”

14. Свештеникот Јодај им нареди на стотниците и на воените заповедници: „Изведете ја низ редовите надвор, и кој ќе тргне по неа, погубете го со меч!” Уште свештеникот додаде: „Немојте да ја погубите во Господовиот Дом!”

15. Ставија раце на неа, и кога низ Коњската Врата стигна до царскиот дворец, таму ја погубија.

16. Тогаш Јодај склучи Завет меѓу Господа, народот и царот, за да биде народот Господов.

17. Потоа сиот народ отиде во Вааловото капиште, го разурна заедно со жртвениците и ги искрши ликовите; го убија вааловиот свештеник Матан пред жртвениците.

18. Потоа Јодај постави стражи кај Господовиот Дом под надгледување на свештениците и левитите, кои Давид ги имаше распределено за служба во Господовиот Дом, за да Му принесуваат на Господа паленици како што е напишано во Мојсеевиот Закон, со веселба и со песни, како што одреди Давид.

19. Постави и вратари при вратите на Господовиот Дом, за да не влегува човек нечист од што и да е.

20. Откако ги зеде стотниците, благородниците и началниците на луѓето, и сиот народ, го изведе царот од Господовиот Дом, а тогаш влегоа низ Горната Врата во царскиот дворец и го поставија царот на царскиот престол.

21. Сиот народ се веселеше а градот се смири, зашто ја убија Готолија со меч.

Прочитајте целосна глава 2 Летописи 23