Стар Завет

Нов Завет

2 Летописи 22:7-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

7. Но Бог направи таа посета на Јорам да му биде за пропаст на Охозиј. Откако дојде, излезе со Јорама против Нимсиевиот син Јуј, кого Господ го помаза за да ја откорне Ахавовата куќа.

8. Додека ја извршуваше одмаздата на Ахавовиот дом, Јуј ги најде јудејските кнезови и синовите на Охозиевите браќа, кои му служеа на Охозиј, и ги погуби,

9. а тогаш тргнаа во потрага по Охозиј. Го фатија додека се криеше во Самарија, го доведоа кај Јуја, кој го уби. Го закопаа, зашто рекоа: „Син е на оној Јосафат, кој Го бараше Господа со сето срце.” Така не остана никој од Охозиевиот дом, кој би имал сила за да биде цар.

10. Затоа Охозиевата мајка Готолија, откако виде дека и загина синот, стана и го погуби сиот царски род на Јудиното племе.

11. Но царевата ќерка Јосавета го зеде Охозиевиот син Јоас; откако го украде сред царевите синови кои ги убиваа, го стави со доилката во ложницата. Така Јосавета, ќерката на царот Јорам, жена на свештеникот Јодај, го скри од Готолија, зашто беше Охозиева сестра, та не беше погубен.

12. Беше скриен со нив во Божјиот Дом шест години, сè додека со земјата владееше Готолија.

Прочитајте целосна глава 2 Летописи 22