Стар Завет

Нов Завет

2 Летописи 2:10-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. На дрвосечачите што ќе ги оборуваат дрвата им давам дваесет илјади кори пченица, дваесет илјади кори јачмен, дваесет илјади вати вино и дваесет илјади вати масло, за издржување на твоите слуги.”

11. Хирам, тирскиот цар, одговори со писмо што му го испрати на Соломона: „Затоа што Го љуби Својот народ, Господ те зацари над него.”

12. Го додаде уште и ова: „Господ, Израелевиот Бог, Кој ги создаде небесата и земјата, нека те благослови! Тој му даде на царот Давид мудар, умен и разумен син кој ќе гради еден Дом за Господа, а вториот за себе за да царува од него.

13. Затоа ти праќам мудар, вешт и разумен човек, Хирам Авив,

14. син на една Дановите ќерки и на татко Тирец. Умее да обработува злато, сребро, бронза, железо, камен, дрво, црвено сукно, љубичеста свилена ткаеница, тенко платно и отворено-црвено сукно, умее да реже секакви копаничарства и да замисли секакво дело што ќе му се довери. Тој ќе работи со твоите уметници и со уметниците на мојот господар Давид, твојот татко.

15. И така, сега мојот господар нека им испрати на своите слуги пченица, јачмен, масло и вино како што вети.

16. А ние ќе насечеме стебла од Ливан колку што ти треба, и ќе ги довеземе на сплавови по море во Јафа, а ти превези ги горе во Ерусалим.”

17. Соломон ги преброи сите странци кои се затекнаа во Израелевата Земја по пописот што го беше спровел неговиот татко Давид, и ги најде сто педесет и три илјади и шест стотини.

18. Од нив одреди седумдесет илјади носачи, осумдесет илјади каменоделци во планината, три илјади и шест стотини луѓе за да управуваат со работата на народот.

Прочитајте целосна глава 2 Летописи 2