Стар Завет

Нов Завет

2 Летописи 18:25-34 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. Тогаш израелскиот цар нареди: „Фатете го Михеја и одведете го кај градскиот заповедник Амон и кај царскиот син Јоас.

26. Речете им: ‘Царот вели вака: „Фрлете го овој во темница и држете го на сув леб и вода додека не се вратам во мир.”‘“

27. Михеј рече: „Ако навистина се вратиш во мир, тогаш Господ не зборуваше преку мене!” И додаде: „чујте сите народи!”

28. Израелскиот цар и јудејскиот цар тргнаа против Галадскиот Рамот.

29. Израелскиот цар му рече на Јосафата: „Јас ќе се преоблечам и тогаш ќе влезам во бој, а ти остани во твојата облека!” Тогаш израелскиот цар се преоблече, и тие тргнаа во бој.

30. Арамејскиот цар им нареди на заповедниците на бојните коли: „Не удирајте ни на мал ни на голем, туку само на израелскиот цар!”

31. Кога заповедниците на бојните коли го здогледаа Јосафата, рекоа: „Тоа е израелскиот цар!” И тргнаа против него да удрат. Но Јосафат извика за помош, та Господ му помогна и ги одврати од него.

32. Кога заповедниците на бојните коли видоа дека тоа не е израелскиот цар, се свртија од него.

33. Еден случајно го оптегна својот лак и го рани израелскиот цар меѓу наборот на појасот и оклопот. Царот му рече на возачот: „Тргни ја уздата и изведи ме од бојот, зашто сум ранет.”

34. Во оној ден бојот беше сè пожесток, ама израелскиот цар се држеше простум во бојната кола спроти Арамејците сè до вечерта и умре при зајдисонце.

Прочитајте целосна глава 2 Летописи 18