Стар Завет

Нов Завет

2 Летописи 17:8-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. И со нив левитите: Семај, Натаниј, Зевадиј, Асаил, Семирамот, Јонатан, Адониј, Товиј и Тов-Адониј; а со нив свештениците Елисам и Јорам.

9. Поучуваа по Јудеја носејќи го со себе Свитокот на Господовиот Закон и ги обиколуваа сите јудејски градови, учејќи го народот.

10. Господовиот страв ги опфати сите земни царства околу Јудеја, така што не смееја да завојуваат против Јосафат.

11. Некои Филистејци сами му донесуваа дарови и данок во сребреници, а Арабјаните му донесуваа ситен добиток: по седум илјади и седум стотини овни и седум илјади и седум стотини јарци.

12. Така Јосафат напредуваше сè повеќе додека не стана многу голем. Изгради во Јудеја стражарници и градови - складишта.

13. Имаше многу работи во јудејските градови, а храбри јунаци во Ерусалим.

14. Еве го нивниот попис според семејствата: од Јудиното племе илјадниците: началникот Адна и со него триста илјади храбри јунаци;

15. до него началникот Јоанан и со него двеста и осумдесет илјади;

16. по него Зихриевиот син Амасиј, кој се стави подготвено во Господова служба, со двеста илјади храбри јунаци.

Прочитајте целосна глава 2 Летописи 17