Стар Завет

Нов Завет

2 Летописи 16:11-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. И ете, Асините дела, од првото до последното, се запишани во книжниот свиток за јудејските и израелските цареви.

12. Се разболе во триесет и деветтата година на царувањето, од нозете, та болеста му се влоши многу, но ни во болеста не Го бараше Господа, туку лекари.

13. Така Аса почина со своите татковци и умре во четириесет и првата година на своето царување.

14. Го погребаа во гробницата, што ја имаше ископано за себе, во Давидовиот Град и го положија на одар, што го имаше наполнето со мириси и масти, приготвени со аптекарска вештина, и му ги спалија мошне многу.

Прочитајте целосна глава 2 Летописи 16