Стар Завет

Нов Завет

2 Летописи 15:6-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Народ удираше против народ, град против град, зашто Господ ги смути со секаква неволја.

7. Но вие бидете храбри, и рацете нека не ви ослабат, зашто има награда за вашите дела.”

8. Откако ги чу тие слова и пророчката беседа на синот на пророкот Одид, Аса се охрабри и ги отстрани киповите на гнасните нечисти божества од цела Јудеја и од Венијаминовата Земја, и од градовите кои ги имаше освоено во Ефремовата Гора. Го обнови и Господовиот жртвеник, што беше пред Господовиот Трем.

9. Тогаш ги собра сето Јудино и Венијаминово племе и придојдениците, кои беа кај нив од Ефремовото, Манасиевото и Симеоновото племе, зашто мнозина од Израелците пребегаа кај него кога видоа дека со него е Господ, неговиот Бог.

10. И се собраа во Ерусалим во третиот месец на петнаесеттата година на Асиното царување.

11. Во оној ден Му принесоа жртви на Господа од пленот што го дотераа, седум стотини говеда и седум илјади ситен добиток.

12. Се заветуваа дека ќе Го бараат Господа, Бога на своите татковци, со сето срце и со сета душа.

13. А секој што не би Го барал Господа, Израелевиот Бог, да биде погубен, било мал или голем, маж или жена.

14. Му се заколнаа на Господа гласно и покрај грмливо извикување, покрај труби и рогови.

15. Сите Јудејци се радуваа заради таа заклетва и со сета своја волја Го бараа и Го најдоа. Господ им даде мир од сите страни.

Прочитајте целосна глава 2 Летописи 15