Стар Завет

Нов Завет

2 Летописи 14:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Потоа Авиј почина покрај своите татковци. Го погребаа во Давидовиот Град; на неговото место се зацари син му Аса. Во неговите дни земјата беше мирна десет години.

2. Аса правеше што е добро и право во очите на Господа, неговиот Бог.

3. Ги отстрани туѓинските жртвеници и високите места, ги обори столбовите и ги скрши ашерите.

4. Им нареди на Јудејците да Го бараат Господа, Бога на своите татковци, да ги пазат законот и заповедите.

5. Ги отстрани од сите јудејски градови високите места и сончевите столбови, а царството беше мирно во неговото време.

Прочитајте целосна глава 2 Летописи 14