Стар Завет

Нов Завет

2 Летописи 12:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Кога Ровоам го зацврсти царството и зајакна, го напуштија Господовиот закон и тој и сиот Израел со него.

2. Но во петтата година на Ровоамовото царување египетскиот цар Сисак нападна на Ерусалим, затоа што тие отстапија од Господа.

3. Дојде со три илјади и двеста бојни коли и со шеесет илјади коњаници, а на народот кој дојде со него од Египет - на Либијците, Сухејците и Етиопците - му немаше број.

4. Откако ги освои тврдите јудејски градови, допре до Ерусалим.

5. Тогаш дојде пророкот Семај кај Ровоам и кај јудејските кнезови, кои што се беа собрале во Ерусалим бегајќи од Сисак, и им рече: „Господ вели вака: ‘Вие Ме оставивте Мене, па и Јас ве оставам во рацете на Сисак.’”

6. Тогаш израелските кнезови и царот се понижија, и рекоа: „Господ е праведен!”

7. Кога Господ виде дека се понижија, Неговото слово му дојде на Семај: „Се понижија; нема да ги уништам, туку скоро ќе им дадам спасение, та Мојот гнев нема да се обори на Ерусалим преку Сисака.

8. Ќе му бидат слуги, за да видат што значи да Ми се служи Мене, а што на земните цареви.”

9. Така египетскиот цар Сисак нападна на Ерусалим, ги ограби благото од Господовиот Дом и ризницата на царскиот дворец; зеде сè; ги зеде и златните штитови што ги имаше направено Соломон.

10. Место нив Ровоам направи бронзени штитови и им ги довери на заповедниците на стражата, која ја чуваше вратата на царскиот дворец.

11. Царот кога и да одеше во Господовиот Дом, стражарите ги земаа, а после ги враќаа во стражарницата.

Прочитајте целосна глава 2 Летописи 12